Skip to main content

Сирија бара повлекување на израелската армија од демилитаризирана зона на Голанска Висорамнина

Новата сириска Влада на денешната средба со шефот на мировните сили на ОН, Жан-Пјер Лакроа побара Израел да се повлече од сириските територии, што ги окупира по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.

Сириските власти ја истакнаа „подготвеноста на Сирија целосно да соработува со ОН, се наведува во соопштението објавено по средбата на Лакроа со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал Шибани и министерот за одбрана Мурхаф Абу Касра.

Владата во Дамаск, исто така, изрази подготвеност да распореди свои сили на Голанска Висорамнина „во согласност со договорот од 1974 година кој предвидува итно повлекување на израелските сили“.

Веднаш по соборувањето на режимот на Башар ал Асад на 8 декември, Израел ги распореди своите воени единици во демилитаризираната тампон-зона на Голанска Висорамнина во југозападна Сирија, окупирана од Израел во војната во 1967 година, а присоединета во 1981 година.

Поврзани вести