Skip to main content

Сијарто: Унгарија сака сојуз со Чешка и Словачка

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска изјави дека неговата земја се надева на формирање централноевропски сојуз со Чешка и Словачка, земји кои имаат патриотски и суверенистички влади и споделуваат слични ставови за надворешната политика и прашањето за Украина.

Говорејќи на маргините на Третата меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск, Сијарто истакна дека Будимпешта дели заеднички погледи со Братислава за иднината на Европа, соработката и улогата на Украина.

Веруваме дека идната чешка влада, по победата на движењето АНО на Андреј Бабиш, ќе ги сподели нашите ставови, бидејќи потекнуваме од исто политичко семејство – групата „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, рече Сијарто.

Тој додаде дека Унгарија очекува дека таков сојуз би можел да придонесе за зајакнување на „суверената надворешна политика“ на регионот и зголемување на неговото влијание во Европа.

Поврзани вести