![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/peter-sijarto.jpg)
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека европските лидери кои се за војна и против американскиот претседател Доналд Трамп денеска имаат средба во Париз на која ќе се обидат да го спречат постигнувањето на мир во Украина.
Спротивно на тие лидери, ние ги поддржуваме напорите на Доналд Трамп … и ги поддржуваме американско-руските преговори и сакаме да има мир во Украина, истакна Сијарто.
Според него „тие кои се на средбата во Париз се оние кои постојано долеваат масло на огнот. Земјите кои се за војна, кои спроведуваат непромислена стратегија во изминатите три години, чии политики доведоа до опасност од ескалација“, посочи Сијарто.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на состанок на европските лидери, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина. На средбата ќе присуствуваат британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен. Исто така ќе учествуваат и претставници од Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска. Најавата за средбата уследи еден ден откако специјалниот пратеник на Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека Европа нема да има место на преговарачката маса.