Skip to main content

Шолц го призна поразот на изборите

Германскиот канцелар Олаф Шолц, лидер на Социјалдемократите (СПД), вели дека изборните резултати се „горчливи“ за неговата партија, нарекувајќи ги „пораз“.

За потсетување, излезните анкети покажаа дека СПД е на третото место, со 16-16,5 отсто од гласовите.

Зборувајќи пред поддржувачите во Берлин, Шолц вели дека тоа е момент „во кој мораме да признаеме дека сме ги загубиле изборите“.

На претходните избори, вели тој, партијата имала „подобар“ резултат за кој тој бил „одговорен“, додавајќи дека овој резултат „е полош, а јас сум одговорен и за тоа“.

Шолц му честита на Фридрих Мерц, лидер на конзервативната Демохристијанска партија, за победата.

Поврзани вести