Skip to main content

Шефовите на дипломатиите на Данска и Гренланд денеска на средба со Џ.Д. Венс и Рубио

Шефовите на дипломатиите на Данска и Гренланд денеска ќе се сретнат со американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, и со државниот секретар, Марк Рубио, потврди данското Министерство за надворешни работи.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и неговата колешка од Гренланд Вивијан Мотцфелт побараа средба со американски претставници откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ги засили заканите за преземање на Гренланд од страна на САД, автономна територија во рамките на Данска, јавија британските медиуми.

Трамп првпат ја изнесе идејата за преземање на Гренланд од страна на САД во 2019 година за време на неговиот прв мандат, но се соочува со отпор во Вашингтон, вклучително и во рамките на неговата Републиканска партија.

Републиканскиот конгресмен од Флорида, Ренди Фајн, предложи закон што ќе му даде на Трамп овластување „да ги преземе потребните чекори“ за преземање на Гренланд и да го започне процесот на негово припојување кон САД.

„Мислам дека е во интерес на светот САД да имаат суверенитет над Гренланд“, рече Фајн вчера во Претставничкиот дом, пренесе Фокс Њуз.

Тој рече дека Конгресот сè уште ќе треба да одлучи дали да го признае Гренланд како 51-ва американска држава, но дека предлог-законот што го предложил „едноставно ќе го овласти претседателот да го прави она што го прави со поддршка на Конгресот“.

Поврзани вести