Skip to main content

Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија

Северна Кореја од вчера почна производство на дронови со техничка помош од Русија, јави Јапонскиот јавен сервис (НХК) повикувајќи се на неименувани извори.

Договорот овозможува Северна Кореја да развие и масовно производство на неколку видови дронови во координација со Русија, јави НХК.

Според неименувани извори, иницијативата за производство на беспилотни летала најверојатно претставува остварување на стратешка соработка што беше договорена на средбата помеѓу рускиот претседател Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Стратешкиот договор помеѓу Русија и Северна Кореја опфаќа трговија, инвестиции, политичка и безбедносна соработка.

Поврзани вести