Skip to main content

„Мајки“ на Милчо Манчевски вечерва во Кинотека

МАЈКИ

Mothers

Милчо Манчевски / Македонија / Франција / Бугарија / 2010 / 123 мин

Две деветгодишни девојчиња даваат извештај во полиција дека ги вознемирил манијак, иако никогаш не го виделе. Тројца филмаџии ги снимаат единствените двајца жители во едно пусто село – еден постар брат и сестра кои не зборуваат еден со друг во последните 16 години. Најдени се жени-пензионерки силувани и удавени, во еден мал град. Фикцијата полека се претвора во документарен филм. МАЈКИ на Милчо Манчевски отсликува: посветеност, невнимателеност, љубов, отсутност. Преку овие жени, Манчевски ја прикажува човечката трагедија и радост. Со својата иновативна структура и омилената омнибус-форма на Манчевски, трите приказни во МАЈКИ ги нагласуваат деликатните односи на вистината и на фикцијата, на драмата и на документарниот филм. Која е природата на вистината? Остра режија за современа Македонија, филмот го поттикнува гледачот да се соочи со сопствените дефиниции за филмската реалност…

Проекции

Вторник, 30 јуни20:30

Оригинален јазик

150 ден

Улоги

Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев

Поврзани вести