Skip to main content

„Џипси меџик“ во режија на Столе Попов вечерва во Кинотека

ЏИПСИ МЕЏИК

Gipsy Magic

Столе Попов / Македонија / 1997 / 135 мин

Таип, главата на едно повеќечлено и сиромашно ромско семејство, мечтае за Индија, прататковината на сите Роми. Случајно се запознава со индиски доктор кој е припадник на силите на УНПРОФОР и добива идеја како да заработи пари, да купи коњ и да го однесе семејството во Индија. И така започнува низата „несреќни случки“ во семејството на Таип: посмртниците за бабата, мајката, синовите, ги потпишува докторот Риџу, а Таип ги добива парите што му следуваат од „социјалното“ за умирачките. Но, ваквиот начин на заработување е однапред осуден на неуспех и завршува трагично за семејството.

Проекции

Вторник, 28 јули20:30

Оригинален јазик

150 ден

Улоги

Предраг Мики Манојловиќ, Бајрам Северџан, Горан Додевски, Катина Иванова, Владимир Јачев, Арна Шијак, Синоличка Трпкова

Поврзани вести