
Претставници на американската администрација стравуваат дека Иран би можел да изврши обратен инженеринг на американски бомби со прецизно наведување.
Во неодамнешно интервју за „Ен-Би-Си“, поранешниот командант на ЦЕНТКОМ, генерал Френк Мекензи, изјави дека верува оти неколку американски бомби ГБУ-57 не функционирале како што било предвидено за време на нападот врз иранскиот објект Фордоу и не детонирале по паѓањето на земја.
САД користеле 14 од бомбите во операцијата. Според американските претставници, главната загриженост сега е дека Иранците би можеле од неексплодираните проектиули да ја реконструираат технологијата зад бомбите и да ја користат во нови ракети или дури и да произведат слични бомби.

Македонски






