
САД распоредиле одреден број противподморнички авиони „П-8 Посејдон“ во Норвешка. Ваквите авионите се способни да ги следат морските води и да откриваат присуство на подморници.
Според „Њузвик“, авионите се распоредени во Осло малку повеќе од една недела. Норвешките власти го потврдуваат нивното присуство, но не откриваат детали за мисијата или нивниот точен број.

Одлуката доаѓа среде серијата извештаи за појавтаа на неидентификувани дронови во Полска, Норвешка и Данска, а е поврзана и со наводна закана за подводните кабли и цевководи во Балтичкото Море.