Skip to main content

САД повеќе нема да кова монетите од еден цент

Freepik

Министерството за финансии на САД донесе одлука да запре со изработка на монетите од еден цент, објави весникот „Волстрит џурнал“.

Паричка, што во САД се нарекува и пени, е во употреба 232 години односно од 1793 година.

Одлуката се очекува да стапи во сила на почетокот на 2026 година и е донесена поради високите трошоци за производство. Изработката на еден цент чини околу четири центи. Загубата на годишно ниво изнесува приближно 56 милиони долари.

По укинувањето на овие монети, продавниците ќе бидат принудени цените на артиклите да бидат до најблиската вредност од пет центи. Сепак, постоечките едноцентни монети остануваат во оптек и ќе можат и понатаму да се користат за готовински трансакции.

Американскиот претседател Доналд Трамп во февруари соопшти дека дал наредба до Министерството за финансии да прекине со ковањето на оваа деноминација поради високите производствени трошоци.

Поврзани вести