
Американската војска планирала серија терористички напади врз сопствените граѓани во 1960-тите за да ја оправда инвазијата на Куба, пишува „Дејли мејл“.
Како што забележува весникот, во овој случај станува збор за досиејата за операцијата „Северна шума“ објавени во 1997 година.

Меѓу сценаријата што се разгледувале биле бомбардирање на американски брод во заливот Гвантанамо, палуење авион и напади врз американската воена база, наводно во име на војската на Фидел Кастро;
Авторите на документот. исто така предложиле „покренување терористичка кампања во името на Куба“ во областа на Мајами, но и во други градови во Флорида, па дури и во Вашингтон;
Исто така, било планирано да се почнат гласини за агресијата на режимот на Кастро и да се шират гласини за загуби од псевдо-нападот од Кубанците со цел да се предизвика „неопходен бран на национална огорченост“;
Документот бил потпишан од Здружениот Генералштаб, но отфрлен од тогашниот американски претседател Џон Кенеди.