
Јужна Кореја се подготвува да почне со испорака на големи количини „воен метал“. Ова се однесува на волфрам, кој САД првенствено го користат во воената индустрија, пишуваат аерикански медиуми.
Волфрамот се ископува во рудникот Сангдонг на истокот од земјата. Експертите го нарекуваат наоѓалиштето една од најголемите резерви на волфрам во светот.
Волфрамот може да издржи екстремни температури, а таквите карактеристики го прават овој елемнет неопходен за американската воена индустрија.
Работата во рудникот за волфрам моментално ја извршува „Алмонти индустрис“ (со седиште во Торонто, Канада).

Македонски






