Skip to main content

Руските сили го зазедоа градот Северск

Рускиот претседател Владимир Путин и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов го објавија заземањето на источноукраинскиот град Северск, отворајќи го патот за понатамошни напредувања.

Путин, на состанокот што беше пренесуван на државната телевизија и делумно преку видео врска, изјави дека „ова значи оти сега се можни други успешни напади во други правци во источниот регион Донбас“.

Украинската страна првично официјално не ги коментира овие информации.

Руската војска соопшти дека нејзина следна цел е да го заземе градот Славјанск, во кој живееја повеќе од 100.000 луѓе пред почетокот на војната во 2022 година.

Путин ја поздрави динамиката на фронтот и ги пофали војниците со зборови како прекрасни момци и „цврсто ве прегрнувам“.

Стратешката иницијатива целосно е во рацете на руската војска, кажа Путин, додавајќи дека ставањето под контрола на регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје напредува.

На состанокот, Путин ја потврди целта за „протерување на украинските формации и обновување на мирниот живот на територијата на Донбас“.

Во септември 2022 година регионот Донбас, составен од регионите Доњецк и Луганск, на референдум изгласаа припојување кон Русија, по што беа вклучени во рускиот устав како руска територија, но сè уште не ја контролира целата област.

Поврзани вести