
Министерот за одбрана на Русија, Андреј Белоусов, изјави дека темпото на напредување на руските трупи во Украина е забрзано.
Белоусов нагласи дека во 2025 година војската извршила 35 масовни напади на 146 клучни објекти на украинските сили.
Месечно освојуваме 600 до 700 квадратни километри во зоната на специјалната воена операција, а во 2025 година, војската изведе 35 масовни и групни напади на 146 важни објекти на украинските сили, оштетени се 62 отсто од клучните претпријатија на украинскиот воен комплекс, со што борбениот потенцијал на украинската војска е значително намален, рече Белоусов, пренесува РИА Новости.
Тој додаде и дека најважен елемент во водењето на борбените дејствија е подобрувањето на информираноста на тактичко ниво.