Skip to main content

Русија уништи брана во Харков: Прекинат важен пат за воени набавки кон фронтот

Фото: Freepik

Руски ракетен напад врз брана во Харковската област прекина важен логистички пат за снабдување на украинските сили, соопшти на „Телеграм“ градоначалникот на градот Печениги, Олександар Хусаров, јави ДПА.

Патот до браната Печениги, која се наоѓа на реката Северски Доњец, води до фронтовите кај Вовчанск, Велики Бурлук и Купјанск, каде украинските сили се под силен притисок. Овој пат сега е затворен, рече Хусаров.

Според други извештаи на украинските канали на „Телеграм“, уништен е и мост над водната акумулација во близина на селото Стари Салтив.

Многу мостови и брани во регионот беа уништени во првите месеци од целосната инвазија на Русија врз Украина.

Во 2023 година, руските сили ја дигнаа во воздух браната Нова Каховка, на долното течение на реката Дњепар во Јужна Украина, предизвикувајќи разорна поплава која однесе многу животи, предизвика сериозни материјални штети и ја остави без вода најголемата атомска електроцентрала во Европа.

Поврзани вести