Американските и европските разузнавачки служби не успеаја да пронајдат „руски отпечаток“ во отштетувањето на подморските кабли на дното на Балтичкото Море, пишува „Вашингтон пост“ (ВП).
Весникот, повикувајќи се на разузнавачки извори, пишува дека западните разузнавачки агенции, по истражувањето на оштетувањата на подморските кабли на дното на Балтичкото Море, заклучиле дека нема докази за руска вмешаност во нив, и дека самите инциденти биле несреќи кои настанале како резултат на грешки на екипажот на бродовите што минуваат.
Најверојатно не станува збор за саботажа, туку за несреќи предизвикани од неискусни екипажи и несоодветно одржување на бродовите, велат за весникот неколку анонимни разузнавачки извори.
Претходно, Финска се сомневаше декабродот „Eagle S“ го саботирал снабдувањето со електрична енергија за Естонија. Естонската премиерка Каја Калас тврдеше дека танкерот припаѓал на руската „флота во сенка“.
Земјите на НАТО та го искористија како иговор и испратија бродови во Балтичкото Море за „да ги заштитат критичните објекти“.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека НАТО радикално го зголемува своето присуство на Балтикот за да ја заштити површинската и подводната инфраструктура.