
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон ја истражува можноста за резолуција на ОН или меѓународен договор за распоредување мултинационални мировни сили во Појасот Газа, а прашањето денеска ќе се дискутира во Катар.
На многу од земјите што изразија интерес за учество на некое ниво – без разлика дали е финансиски, човечки ресурси или и двете – ќе им треба тоа (резолуција на ОН или меѓународен договор), рече Рубио во својот авион на пат од Израел до Катар.
Имаме цел тим што работи на ова, додаде тој.

Македонски








