Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одржа своето традиционално годишно обраќање за состојбата на нацијата.
Нашите храбри војници секој ден освојуваат се повеќе територии. Не зборувам за сто или 200 метри дневно, туку за стотици квадратни километри. Секој ден сме се поблиску до конечната цел – победата. Непријателот се обидува да не спречи, но тој наскоро ќе биде исфрлен од Курск – рече Путин.
Тој ги пофали руските воени бригади во Курск и низ Украина.
Покрај инвазијата на Украина, се предвидува дека Путин би можел да испрати порака до новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и да го коментира падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, кому Кремљ му обезбеди засолниште со тоа што нему и неговите семеен азил во Москва.