Skip to main content

Путин: Некои сакаат враќање на времето на инвазијата на Наполеон, забораваат како заврши тоа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека има луѓе во светот кои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, но забораваат како заврши тој историски настан.

– Сè уште има такви кои не можат да седат мирни, има луѓе кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како заврши, рече Путин за време на состанокот со вработените и штитениците на фондацијата „Бранители на татковината“, пренесоа руските медиуми.

Тој истакна дека на Русија и е потребна верзија на мир во Украина која ќе обезбеди стабилен развој и мир за Русија.

Поврзани вести