Skip to main content

Макрон: Француската морнарица врши инспекција на руски танкер во близина на Сицилија

Француската морнарица пресретна и врши инспекција на танкер за нафта што плови од Русија во близина на брегот на италијанскиот остров Сицилија, изјави демеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Во објава на Икс, Макрон рече дека бродот „Deliver“ не постапил во согласност со меѓународното право на морето и пред два дена бил запрен во морето.

Во видео што го објави на Икс се прикажани припадници на француските вооружени сили како се качуваат на бродот.

Во посебна објава на Икс, министерката за одбрана Катрин Вотрен рече дека постои сомневање дека бродот плови под лажно знаме.

Макрон рече дека операцијата против руската „флота во сенка“ ја покажала решителноста на Европејците.

„Нема да дозволиме ’флотата во сенка’ да ги заобиколи санкциите и да ги финансира руските воени напори“, рече Макрон.

Вотрен нагласи дека протокот на пари мора да се прекине за да се забави руската воена економија.

Таа рече дека дејствијата на руската „флота во сенка“ претставуваат и директна закана за безбедноста на море и за животната средина.

Во последните месеци, Франција запре неколку бродови за кои се сомнева дека припаѓаат на руската „флота во сенка“

Поврзани вести