
Повеќе турски медиуми јавија вечерва дека поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, в среда ќе потпише двегодишен договор со Трабзонспор.
Според турските медиуми, Салах ќе има годишна плата од 17 милиони евра, плус пет милиони евра во бонуси, како и дел од приходите од маркетинг и продажба на дресови со неговото име.
Триесетичетиригодишниот Салах се очекува да пристигне во Турција по што треба да ги мине задолжителните лекарски прегледи.
Египетскиот репрезентативец ќе се пресели во турскиот прволигаш без обесштетување откако на крајот на минатата сезона му истече договорот со Ливерпул за кој настапуваше од 2017 година и на 315 натпревари постигна 151 гол

Македонски


