Skip to main content

Путин на 17 јануари ќе го прими иранскиот претседател Пезешкијан, соопшти Кремљ

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ќе пристигне во официјална посета на Русија на 17 јануари, кога ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Предвидено е разгледување на перспективите за идното проширување на билатералната соработка во трговската, инвестициската, транспортната, логистичката и хуманитарната сфера, како и актуелните прашања од регионалната и меѓународната агенда“, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин и Пезешкијан ќе потпишат договор за сеопфатно стратешко партнерство меѓу двете земји и ќе дадат изјави за медиумите, соопшти прес-службата на рускиот претседател.

Поврзани вести