Skip to main content

Пукање во парк во државата Вашингтон, седум лица повредени

Седум лица се ранети, од кои три критично, во парк во предградието на Такома, Вашингтон, соопшти полицијата.

Полициските службеници затекнаа „морничава глетка“ кога одговорија на повиците за истрели од огнено оружје регистрирани во паркот Хари Тод во Лејквуд, соопшти локалната полиција.

Досега никој не е уапсен. Повеќе од 100 луѓе биле во паркот, што се наоѓа во близина на Американ Лејк, кога било пукано, соопшти полицијата.

Инцидентот се случи неколку дена по пукањето на Денот на сеќавањето во парк во Филаделфија, во кое загинаа две лица, а девет беа ранети.

Поврзани вести