
Претседтелот на Бразил, Луис Игнаси Лула да Силва, игнорирал шест писма од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кои тој барал средба.
Според „Метрополес“, барањата биле поднесени помеѓу 2023 и 2024 година. Меѓу нив било и лично писмо испратено на 27 октомври 2023 година, на роденденот на Лула.
Зеленски, исто така, побарал да биде поканет на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро во октомври 2024 година, но поканата за него никогаш не пристигна, а украинската делегација не присуствуваше на настанот.
Според изворите на изданието, официјална Бразилија ја сметала средбата со поранешниот комичар за несоодветна, бидејќи самитот бил посветен на глобални теми – борбата против сиромаштијата, одржливиот развој и меѓународното управување.
Исто така, се наведува дека откако Лула најави патување во Москва на прославата од 80-годишнината од победата над нацизмот, официјален Киев го поканил Лула да ја посети Украина пред неговата посета на Русија. Но, според „Метрополес“, бразилскиот претседател нема такви планови.