Skip to main content

Пред заминување Бајден си го помилува синот Хантер

Американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и во врска со носење огнено оружје, а својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење.

Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер вчера, иако откако ја презеде функцијата рече дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда.

Тој изјави дека до сега останал на таа одлука, иако, како што навел, гледал како неговиот син „неправедно го гонат“.

Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал „целосно и безусловно“ помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година.

Бајден оцени дека Хантер бил кривично гонет само затоа што е негов син

Поврзани вести