
Украина и Бугарија потпишаа 10-годишен договор за одбранбена соработка, со фокус на заедничко производство на дронови и оружје. Договорот беше постигнат за време на посетата на бугарскиот премиер Андреј Ѓуров во Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека станува збор за системско партнерство со долгорочен карактер.
Нашите тимови работеа на тоа долго време – истакна Зеленски.
Договорот предвидува производство на различни видови оружје, вклучително и беспилотни летала, на територијата на двете држави.
Бугарија има развиена одбранбена индустрија, особено во производство на муниција и оружје од советски тип. Ова директно одговара на потребите на украинската армија. Поради војната, овој сектор бележи значителен раст во последните години.
Договорот не е само формалност, туку конкретна обврска за зајакнување на евроатлантската безбедност – изјави бугарскиот премиер Ѓуров.
Тој нагласи дека договорот е политички чин и не бара парламентарно одобрување.
Покрај одбраната, двете земји работат и на енергетски и транспортни проекти. Меѓу нив е и вертикалниот гасен коридор, како и железничката врска меѓу Александрополи и Одеса.
Украина исто така планира да вклучи бугарски компании во обновата на земјата.
Договорот беше критикуван од дел од бугарската политичка сцена. Во фокусот беа долгорочните обврски и недостатокот на парламентарна поддршка во претходните фази.
Паралелно, останува отворено прашањето за можната продажба на нуклеарни реактори од Бугарија на Украина.

Македонски



