
Полскиот премиер Доналд Туск, изјави дека група руски хакери ги нападнале веб-страниците на неговата партија Граѓанска платформа.
Туск додаде дека цел на напади биле и веб-страниците на Новата левица и централно-десничарската Полска селанска партија.
Службите спроведуваат интензивни активности во врска со случајот. Нападот продолжува, напиша Туск на „Х“.

Наводниот напад се случува неколку часа пред почетокот на изборниот молк пред првиот круг од претседателските избори в недела.
Таму, либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски, кој е висок член на владејачката партија Граѓанска платформа, ќе се соочи со историчарот Карол Навроцки, кој го води Полскиот институт за национално сеќавање, како и со кандидатот на крајната десница Славомир Менцен.
Системите на „Граѓанската платформа“ биле предмет на кибер напад и во април.