Skip to main content

Полска прифатила од својот буџет да плаќа камати за кредити што Украина ги должи на ЕУ

massimo-virgilio-on-unsplash
massimo-virgilio-on-unsplash

Во Полска се развива скандал околу одлуката на владата од полскиот буџет да плаќа камати за кредитите на Украина земени од ЕУ.

Пратеникот на Сејмот, Гжегож Плачек објави дека Полска ќе плати речиси 26 милиони евра во 2025 година за да го отплати долгот на Украина кон Европската комисија.

Овие обврски биле доброволно преземени од претходната влада на Матеуш Моравјецки и важат до крајот на 2027 година.

Слични плаќања се очекуваат во 2026 и 2027 година.

Полскиот пратеник ја нарече оваа ситуација „антиполска и економски апсурдна“. Тој укажува на рекордниот буџетски дефицит на Полска и е огорчен што полските даночни обврзници мораат со години да ги плаќаат долговите на друга земја.

Поврзани вести