Skip to main content

„Политико“: ЕУ разгледува пет начини како да се справува со Унгарија ако Орбан повторно победи на изборите

Facebook / Orbán Viktor
Facebook / Orbán Viktor

Европската Унија дискутира за евентуални мерки во случај на победа на Виктор Орбан на претстојните избори во Унгарија, пишува „Политико“.

Според дипломатите контактирани од медиумот, Брисел разгледува опции за ограничување на влијанието на Орбан – од промена на процедурите за гласање и проширување на принципот на квалификувано мнозинство до зголемување на финансискиот притисок, па дури и привремено лишување на Унгарија од правото на глас.

Причината за ова е редовното противење на одлуките на ЕУ, вклучително и околу воената помош за Украина, како и поради контактите на Будимпешта со Москва.

Во исто време, „Политико“ нагласува дека најдрастичните мерки, како што се примената на Член 7 или исклучување на земјата од Унијата, се сметаат за нереални поради потребата од едногласна поддршка од другите земји-членки и ризикот од понатамошни поделби во рамките на ЕУ.

Поврзани вести