
Шведската полиција објави дека во моментов верува оти судирот на автобус во Стокхолм во пешаци на тротоар кога загинаа три лица, не бил намерен.
Возачот на автобусот е во болница и е уапсен под сомнение за убиство од небрежност.
Според шведските медиуми, возачот, чиј идентитет не е откриен, требало да направи пауза за време на работниот ден, но сепак возел.
Во петокот, за време на попладневниот шпиц, двокатен автобус се заби во редица луѓе што чекале на автобуска станица на прометна улица во центарот на шведскиот главен град.

Македонски








