
Со церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри.
На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.
Главната церемонија на свеченото отворање ќе биде на стадион „Сан Сиро” во Милано, а паралелни церемонии ќе се одржат и во Кортина, каде македонски знаменосец ќе биде Атанасовска, а на церемонијата во Предацо македонското знаме ќе го носи Јада.
Зимските олимписки игри 2026 ќе завршат на 22 февруари со свечена церемонија во античката арена во Верона.

Македонски



