Skip to main content

По средбата со Макрон Зеленски изјави дека сака траен мир во Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека неговите повеќечасовни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон биле фокусирани на изнаоѓање начин за завршување на војната, нагласувајќи дека мирот во Украина мора да биде навистина траен.

„Војната мора да заврши што е можно побрзо. Многу зависи од ангажманот на секој лидер. Денеска ќе разговараме и со други лидери“, напиша Зеленски во објава на „Икс“.

Зеленски денеска престојува во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон

Поврзани вести