
Пожарите на ридовите околу Ерусалим се ставени под контрола по повеќе од 24 часа, соопшти противпожарната и спасувачка служба.
Во соопштението се вели дека пожарникарите ќе продолжат да гаснат во наредните часови за да спречат понатамошно активирање, јави „Тајмс оф Израел“.
Противпожарната служба соопшти дека отворила истрага за причината за пожарот.
Властите претходно објавија дека пожарите уништиле околу 5.000 хектари земјиште, од кои околу 3.000 хектари се шума.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека досега се уапсени 18 лица под сомнение дека предизвикале шумски пожари во предградија на Ерусалим.