Skip to main content

Планот на Трамп: Прецизен смртоносен удар врз раководството на Иран за да се разгорат протестите

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за „таргетирани“ напади врз Иран – прецизни, смртоносни удари врз командантите на безбедносните сили и клучните владини личности – со цел да предизвика обезгалвување на иранската власт и нов бран протести, објавува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори во Вашингтон.

https://www.youtube.com/watch?v=PiTUQmfpkh0

Целта е да се создадат услови за „промена на режимот“ по неодамнешното задушување на протестите. Идејата е едноставна: да се нападнат оние „одговорни за насилството“ и да им се покаже на демонстрантите дека владата е ранлива.

Ова вклучува и прецизни напади врз командантите и безбедносните структури, но и потешко сценарио – напади врз иранските системи за балистички ракети и објекти за збогатување на нуклеарно оружје. Трамп сè уште не донел конечна одлука.

Израелски извор директно изјавил дека системот во Техеран не може да биде разбиен само со воздушни напади. Дури и смртта на ајатолахот Али Хамнеи не би значела крај на режимот, затоа што тој едноставно ќе биде заменет.

Иран, според висок функционер, се подготвува за воен конфликт, но не ги затвора дипломатските канали.

https://www.youtube.com/watch?v=PiTUQmfpkh0

Истовремено, голем број земји во регионот, од Персискиот Залив до Турција, порачаа дека нема да дозволат нивната територија или воздушен простор да бидат искористени за нападот, затоа што се плашат од одмазднички ирански напади.

Поврзани вести