Skip to main content
САД збунети од отпорот на Иранците

Планот на Трамп бил војната да трае најмногу 4-5 дена и Иран да се предаде веднаш по убиството на Хамнеи

Планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е војна со Иран што ќе трае 4-5 дена и која ќе ја ослабне позицијата на Иран во преговорите, принудувајќи го да се согласи на повеќе американски барања, пишува израелскиот новински сајт „Ynet“.

Според еден извор на медиумот, американски функционер пренел уште поитен предлог. Преку посредник, најверојатно Италија, тој предложил постигнување договор за прекин на огнот денеска или утре. Иран целосно а отфрлил идејата.

Според пишувањето, на разочарување на Белата куќа, Исламската Република Иран сè уште стои и се бори, одбивајќи да се предаде, ставајќи ја администрацијата на Трамп во непознати води, не знаејќи како да продолжи, бидејќи целиот нивен план бил дека Иран ќе се предаде во моментот кога ајатолахот Хамнеи и неколку генерали и политичари ќе бидат убиени.

Поврзани вести