
Претседателот на Иран Масуд Пезешкијан денеска изјави дека повеќе од 14 милиони Иранци изразиле подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран.
„Повеќе од 14 милиони горди Иранци досега изразија подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да го жртвувам својот живот за Иран“, напиша Пезешкијан на платформата Икс.
Претходно денеска, иранскиот заменик-министер за млади и спорт, Алиреза Рахими, ги повика Иранците, вклучувајќи ги младите, уметниците и спортистите, да формираат „живи синџири“ пред електраните низ земјата за да ги осудат заканите од САД за бомбардирање на енергетските постројки.
„Ќе се држиме за раце за да порачаме дека нападите врз јавната инфраструктура се воено злосторство“, рече Рахими во видео порака, пренесе „Ал Џазира“.
Овој негов повик уследи по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја нападне иранската цивилна инфраструктура, вклучувајќи ги мостовите и електраните, доколку Ормуската Теснина не биде целосно отворена за пловидба.

Македонски


