Skip to main content

Парламентарни и регионални избори во Венецуела, се очекува победа на власта

Во Венецуела денеска се одржуваат парламентарни и регионални избори на кои се очекува победа на актуелната власт, откако поголемиот дел од опозицијата реши да го бојкотира гласањето, десет месеци по реизборот на претседателот Николас Мадуро, чија победа ја оспоруваат.

Над 400.000 полицајци се распоредени на гласачките места, кои се отворени во 6:00 часот по локално време. Гласањето треба да заврши во 18:00 часот (22:00 по средноевропско време), а првите резултати се очекуваат во текот на ноќта.

Според известувачите на странските медиуми, повеќето гласачки места во центарот на Каракас биле празни, што е сосема поинаква слика од редовите за претседателските избори на 28 јули минатата година.

Според анкетата на агенцијата Делфос, се очекува излезноста да биде околу 16 проценти од 21 милион регистрирани гласачи, а мнозинтсвото од тие што ќе гласаат да бидат симпатизери на власта.

Поврзани вести