
Цените на нафтата на светските пазари паднаа за време на раното тргување во Азија, откако претходно во понеделникот достигнаа речиси 120 долари за барел поради растечките тензии на Блискиот Исток.
Пазарите реагираа на изјавите на Трамп дека конфликтот со Иран би можел да заврши „прилично брзо“, иако воени операции сè уште се во тек.
Американскиот претседател упати остро предупредување до Иран дека САД ќе одговорат „дваесет пати посилно“ доколку Техеран го блокира поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец — клучна рута низ која минуваат околу 20% од светските испораки на нафта.
Трамп порача дека во таков случај ќе следуваат „смрт, оган и бес“, но додаде дека се надева оти тоа нема да се случи. Меѓувреме, Техеран предупреди дека нема да дозволи „ниту еден литар нафта“ да се извезува од регионот ако продолжат нападите на САД и Израел.

Македонски

