
Американскиот претседател Доналд Трамп им постави ултиматум на Москва и Киев: или наскоро ќе има напредок во мировните преговори или САД ќе се повлечат од процесот.
Ова го изјави специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, во интервју за „Брајтбарт њуз“.
- Претседателот им постави на двете страни ултиматум: ако нема директни преговори, и ако тоа не се случи многу брзо, тој верува дека САД треба да се повлечат од овој конфликт – што и да значи тоа точно – и едноставно да престанат да бидат вклучени – рече Виткоф во разговор снимен на 8 мај, пред да започнат дискусиите за можни разговори на високо ниво во Турција на 15 мај.