Skip to main content

Ова е книгата што Путин му ја подари на Трамп на нивната средба на Алјаска

Објавени се фотографии од книгата што рускиот претседател Владимир Путин му ја подари на својот американски колега Доналд Трамп, за време на нивната средба на Алјаска.

Снимките од „РТ“ покажуваат дека корицата на книгата е групна фотографија од украински воени заробеници со зборовите „1000“.

На неа има фотографии и петиција потпишана од илјада украински воени заробеници, кои Киев одби да ги прими од руско заробеништво.

По средбата со Путин во Алјаска, Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека руската делегација му дала список од илјада заробени украински војници, кои украинските власти не сакаат да ги примат назад.

Има илјада воени заробеници… Па, украинските власти треба да ги прифатат. Руските власти ќе ги ослободат. Имам книга со сите на списокот на затвореници“, рече Трамп.

Поврзани вести