Skip to main content

Орбан: Тоа не е договор, Трамп ја изеде Урсула фон дер Лајен за појадок

Facebook/Orbán Viktor

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека новиот трговски договор меѓу Европската Унија и САД е „неповолен“ и полош од оној што САД претходно го потпишаа со Обединетото Кралство.

Тоа не е договор… Трамп ја изеде Урсула фон дер Лајен за појадок. Американскиот претседател е тешка категорија во преговорите, додека таа е лесна категорија – изјави Орбан во унгарски поткаст.

Новата спогодба предвидува 15-процентни царини за повеќето производи од ЕУ, што е значително помалку отколку 30 отсто царини, со кои Трамп претходно се закануваше. Сепак, според Орбан, условите и понатаму се нерамноправни.

Договорот со Велика Британија, склучен на почетокот на мај, предвидува увозни давачки во САД од 10 проценти за широк спектар на стоки, вклучувајќи до 100.000 автомобили годишно.

Поврзани вести