
Венецијанските канали станале преполни со медузите „Mnemiopsis leidyi“, позната и како „брадавична медуза со чешел“ или „морски орев“, која е наведена како еден од 100-те најопасни инвазивни видови во светот.
Медузата влегла во Јадранското Море преку товарни бродови и сега ги затнува рибарските мрежи во Венецијанската лагуна, голтајќи ларви од риби и планктон, загрозувајќи го екосистемот.

Научниците проценуваат дека медузата би можела да предизвика сериозна штета на јадранската рибарска индустрија, која вреди милијарди евра.
„Морскиот орев“ е познат не само по тоа што ги голта своите млади, туку и по својот анус што исчезнува – се појавува само за време на дефекацијата, а потоа повторно исчезнува.

Македонски



