Skip to main content

Околу 300 романски платеници им се предале на бунтовниците во Конго

Околу 300 романски платеници, членови на Приватна воена компанија (ПМЦ) им се предале на силите на антивладините бунтовници од групата М23 во близина на градот Гома во североисточниот дел на Демократска Република Конго.

Како што објавија романски медиуми, тие добиле безбедносни гаранции за нивната бебедност.

Тие биле разоружани и однесени на границата меѓу Конго и Руанда.

Од граицата тие биле спроведени во Кигали, главниот град на Руанда, а оттаму биле евакуирани во Романија.