
Новата аудиоснимка објавена денеска од францускиот канал БФМТВ открива дека брзата реакција на обезбедувањето и полицијата во Лувр спречила поголем грабеж на галеријата Аполо во музејот.
Еден од директорите на Лувр, Доминик Бифен изјави дека благодарение на присуството и интервенцијата на „одреден број агенти“, крадците избегале, и не ја покренале платформата што требало да им служи за транспорт и земање на голем број предмети.
Тој наведе дека поради тоа крадците ја оставиле круната на царицата Евгенија.
Грабежот на Лувр се случи на 19 октомври, кога четири лица за три минути и 58 секунди успеаја да земат повеќе експонати. Крадците бегајќи од музејот прво се обиделе да ја покренат платформата, еден вид кран што би им овозможувал да се искачат до прозорецот на галеријата Аполо.
Девет дена претходно, крадците украле товарна платформа што претходно ја пронашле преку оглас на Интернет, претставувајќи се како клиенти. Сопственикот на возилото објавил известување преку социјалните мрежи дека „платформа за мебел е украдена за време на кражба на автомобил во Лувр“.