Skip to main content

Нетанјаху се пофали дека нападот во Катар бил 100 проценти израелска операција

 Нападот против лидерите на Хамас во Доха бил целосно израелска операција, се наведува во соопштение на канцеларијата на израелскиот премиер на англиски јазик.

– Денешната акција против врвните терористички челници на Хамас беше сосема независна израелска операција, пишува во соопштението на канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

– Израел ја иницираше, Израел ја изведе и Израел презема целосна одговорност, се додава во текстот.

Израелските медиуми јавуваат дека претседателот на САД, Доналд Трамп, бил запознаен со планираниот напад и дал поддршка

Поврзани вести