Skip to main content

Нетанјаху: Подготвувам инструкции за продолжување на војната во Појасот Газа

Фејсбук/The Prime Minister of Israel

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник објави дека оваа недела ќе издаде „инструкции“ за продолжување на војната во Појасот Газа, додека расте притисокот врз неговата влада да го реши конфликтот и да ги ослободи заложниците земени во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во исто време, Израел има намера да го стави прашањето за заложниците „во центарот на глобалната агенда“, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар пред седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на ова прашање.

Отворајќи ја седницата на кабинетот, Нетанјаху објави дека ќе свика состанок на кабинетот за безбедност „оваа недела“ за да „издаде инструкции до војската за тоа како да ги постигне трите воени цели што беа претходно поставени“.

„Се наоѓаме во средината на жестока војна во која постигнавме многу важни, историски успеси, бидејќи не бевме поделени. Затоа мора да продолжиме да остануваме обединети“, рече тој, повторувајќи ги воените цели за „победување на непријателот, ослободување на заложниците и обезбедување дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел“.

Поврзани вести