Skip to main content

Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи

mohammed-ibrahim-on-unsplash

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на неговата земја е да го ослободи Појасот Газа, а не да го окупира. Нетанјаху додаде и дека најдобриот начин да се стави крај на војната е разоружување на групата Хамас.

Хамас се уште има илјадници вооружени терористи во Газа, кои крадат храна и пукаат во цивили. Ниту една нација не може да ја одобри работата на геноцидна терористичка организација“, изјави Нетанјаху.

Тој додаде дека војната во Појасот Газа, која трае од октомври 2023 година, би можела да заврши веднаш ако Хамас се разоружа и ги ослободи сите преостанати заложници.

Нетанјаху наведе пет принципи за завршување на војната, кои вклучуваат предавање, односно разоружување на Хамас, ослободување на сите израелски заложници, безбедносни контроли, демилитаризација на Појасот Газа и воспоставување неизраелска, мирна цивилна администрација.

Според него, цивилната администрација ќе функционира како преодна влада и дека веќе има неколку кандидати за неа, кои не ги именуваше.

Со оглед на тоа што Хамас не сака да се разоружа, Израел нема друг избор освен да ја заврши работата за негово покорување“, изјави Нетанјаху, додавајќи дека Ерусалим моментално контролира 75 проценти од територијата на Појасот Газа.

Тој додаде дека кабинетот за безбедност и наредил на израелската армија да ги уништи две преостанати упоришта на Хамас, во градот Газа и камповите во централниот дел на Појасот.

Тоа е најдобриот начин да се заврши војната“, изјави Нетанјаху.

Поврзани вести