Skip to main content

Неколку лица се тешко повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург

Freepik

Неколку лица се сериозно повредени денеска во напад со нож на централната железничка станица во јужниот германски град Хамбург, соопшти полицијата, јави ДПА.

Според информациите од службите за итни случаи, повредени се 12 лица, од кои 6 се во животно загрозувачка состојба.

Осомничениот за нападот е приведен. Според весникот „Билд“, нападот го извршила жена.

Поврзани вести