Човекот уапсен по денешниот напад на божиќниот пазар во Магдебург претходно не бил на радарот на органите на редот како познат исламист, велат безбедносни извори за германската новинска агенција ДПА.
Според првичните сознанија, мажот е на возраст од околу 50 години и е од Саудиска Арабија. Во Германија пристигнал во 2006 година и работел како лекар. Полицијата соопшти дека во овој момент не бара друг осомничен.
Мажот со автомобил влета во божиќниот пазар во близина на градското собрание вечерва, при што според властите загина најмалку едно лице, а повредени се повеќе од 20 други. Дел од локалните медиуми јавуваат дека бројот на загинати е поголем, стравувајќи дека станува збор за 11 мртви и над 60 повредени.
Болницата во Магдебург соопшти дека е ставен во режим на настан за масовен број жртви и дека првите 20 лице веќе медицински се третираат.